Наместо тротоар: Под покриен со 70 илјади монети

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Кога Рич Холтам добива понуда во вредност од 1000 фунти за реновирање на подот на  фризерскиот салон, на него му паѓа на памет доста оригинална и поевтина идеја. Таа го опфаќа целиот под со монети, чија вкупна вредност е 700 фунти.

“Сакавме нов под, но цената за тоа беше многу висока, а сакавме и да направиме нешто необично, затоа разгледавме неколку различни идеи онлајн”, раскажува Рич пред Daily Mail.

Сите вработени во салонот поминуваат цела недела во лепење на монетите. “Требаше да ги замениме сопствените средства во банката и да земеме стотици монети”, го продолжува својот расказ сопственикот на 4 фризерски салони во Обединетото Кралство и дополнува “На крајот монетите беа во вредност од 700 фунти. Ова се 70 000 монети. ”

Така Ентериерот се здобива не само со најоригиналниот под во градот, но и со бесплатна реклама. “Има голем интерес. Луѓето продолжуваат да влегуваат за да направат неколку слики од подот. Добивме доста од него. ”

Сликите од оригиналниот под може да ги разгледате во нашата галерија.