Наместо вакцина против ковид, 36 лица примиле физиолошки раствор во Словенија

од Берта Китинска

Во еден здравствен дом во Словенија е направена ненамерна грешка при вакцинацијата против Ковид-19 кога некои лица, наместо вакцината на „Фајзер“ за која аплицирале, добиле само физиолошки раствор.

Грешката се случила во петокот во здравствениот дом во градот Шенџур, каде што од 126 лица што дошле на вакцинација, 36 добиле физиолошки раствор, кој мора да се измеша со вакцината на „Фајзер“.

Директорот на здравствениот дом за Словенско радио изјави дека за се веднаш го известиле Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) и дека ненамерната грешка најверојатно се должи на преоптовареноста на персоналот.

Минатата недела Словенија спроведе интензивна кампања за вакцинација од четврток до сабота, со цел зголемување на бројот на вакцинирани население, во време кога земјата се соочува со силно ширење на инфекцијата со коронавирус, односно нејзината омикронска варијанта.

Слични содржини