Наместо во Барса, Олмо ќе заврши во Реал!?

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Тренерот на Барселона, Чави побарал од раководството на клубот да го доведат Феран Торес или Дани Олмо додека го договараат да седне на клупата.

Раководството се одлучи за Торес, за кого на Манчестер Сити веднаш ќе му даде 55 милиони евра, плус уште десет на име разни бонуси.

Според „Мундо Депортиво“, Чави долго размислувал кој од двајцата да дојде на „Камп Ноу“ и на крајот се решил за Торес, кој според него е поопасен напаѓач и постигнува повеќе голови.

Бидејќи Барса е во лоша финансиска состојба, тоа значи дека Олмо барем засега нема повторно да го носи дресот што го носеше во младинските категории.

Младиот Шпанец на тој начин би можел да заврши во редовите на најголемиот ривал на Барса – Реал Мадрид. Кралскиот клуб не крие дека го сака Олмо веќе во јануари, а се наоѓа и на листата на желби во Манчестер Јунајтед.

Се очекува дека РБ Лајпциг би можел да го пушти, но само доколку Реал ги плати бараните 75 милиони евра, колку што изнесува обештетувањето во случај на предвремен раскин на договорот.

Слични содржини