Намирници кои ги сакаме, но погрешно ги јадеме

од desk4
302 прегледи

Денес, нашиот фокус е насочен кон квалитетот на храната што ја ставаме на нашата маса. Бараме еколошки производи, супер храна, локални земјоделски производи, но не мислиме дека понекогаш ги јадеме на погрешен начин. Ова се намирници што ги консумираме скоро секој ден, но неправилно, па и затоа не можеме да ги искористиме сите нивни придобивки.

Аспарагус

Аспарагусот никогаш не треба да се готви во микробранова печка. Идеален начин за подготовка на аспарагус е во чорба или потпржен, така што плодовите ќе бидат крцкави и ќе ги задржат хранливите материи.

Киви

Ние сме навикнати на лупење на кивито, но вистината е дека во кафеавата лушпа има висока концентрација на хранливи материи, особено влакна, фолати и витамин Е.

Црн чај

Црниот чај е еден од најконсумираните пијалаци, но внимавајте да не го пиете на англиски начин, измешан со млеко. Млечните ензими не влијаат на антиоксидансите што ги содржи, но ги блокираат другите придобивки од чајот, бидејќи протеините ја попречуваат апсорпцијата на хранливите материи.

Бобинки и слични овошја

Јагодите се богати со растителни влакна, антиоксиданти и витамин Ц, како и повеќето црвени и црни овошја. Нив чувајте ги на темно, бидејќи под влијание на светлината губат голем дел од хранливите материи.

Брокула

Брокулата е една од оние намирници што треба да се јадат живи или зготвени. Всушност, ако ги варите или печете, тие го губат витаминот Ц, хлорофилот и антиоксидансите.

Слични содржини