Манекенката Наоми Кембел на Инстаграм објави ретки фотографии со својата едногодишна ќерка.
Наоми ги држи подалеку од очите на јавноста сите детали за својата наследничка, па многумина се изненадија кога објави нивни заеднички фотографии.
Манекенката се уште не го открила името на својата ќерка, но сега ја споделила информацијата дека малото девојче проодело.
„Мојата љубов, моето чукање на срцето и нејзините први чекори“, напиша манекенката која ретко ја покажува својата ќерка, а на почетокот на годината со неа позираше за британското издание на магазинот „Вог“.
Да потсетиме, Наоми минатата година ја објави веста дека станала мајка, што изненади многумина, бидејќи никој не ни знаеше дека манекенката е бремена. Се шпекулираше и дека добила ќерка со помош на сурогат мајка, но славната манекенка тоа никогаш не го потврди, ниту пак го откри идентитетот на таткото.
„Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе го знаеја тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило“, изјавила Наоми Кембел за „Вог“.