Наоми Кембел во јавност после 6 месеци: Ги откри градите во раскопчано сако (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Сигурни сме дека оваа убавица недостасуваше во јавноста повеќе од кога било, но на радост на сите оние кои ја сакаат, Наоми Кембел (50) по шест месеци се врати „на сцената“.

Оваа светска убавица објави три фотографии на Инстаграм на кои блескаше во бел костум.

Таа немаше ништо под раскопчаното сако, па ја скокотна фантазијата со голите гради на милиони обожаватели кои ја следат, а на Инстаграм има скоро 10 милиони верни фанови.

„Моето прво јавно појавување по шест месеци“, напиша Наоми.

Искусна како и секогаш, таа позираше со насмевка додека седеше во автомобилот и излегуваше од него. Без разлика дали е на писта или на некое друго место, дури и на 51 година, Наоми никогаш не остава никого рамнодушен.

Нејзиниот пост го коментираше и Линда Евангелиста, исто така една од најпознатите светски топ модели, која палеше и жареше по модната писта кога тоа го направи и Наоми. Ја остави со неколку срца, како и стотици воодушевени обожаватели.

 

Слични содржини