Наоми Кембел за борбата со зависноста: „Се убивав и беше многу болно“

Британската манекенка Наоми Кембел никогаш не се срамела од својата борба со зависноста од кокаин и алкохол, а во документарната серија „Супер модели“ изјавила дека ситуацијата била толку лоша, што мислела дека нема да преживее

од Vladimir Zorba

Британската ѕвезда Наоми Кембел влезе во светот на модата кога имаше само петнаесет години, а притисокот што го чувствуваше како дете во светот на возрасните беше огромен. Таа беше и се уште е еден од најголемите супермодели на сите времиња, а во документарниот филм „The Super Models“ откри како изгледал нејзиниот свет во екот на нејзината кариера.

Иако многумина, гледајќи го нејзиниот успех, би помислиле дека Британката е среќна и исполнета, вистината е токму спротивна.

Во текот на деведесетите, Наоми Кембел беше на врвот на кариерата, а познатите дизајнери копнееја таа да биде заштитно лице на нивните модни кампањи.

Сепак, манекенката откри дека во тоа време била толку зависна од дрога што за малку ќе умрела.

„Кога се обидуваш да скриеш нешто, твоите чувства, јас зборував за напуштање. Се обидов да го прикријам со нешто. Не можете да го прикриете. Се убивав. Беше многу болно“, рече таа.

Таа се свртела кон кокаинот за да се справи со траумите од детството и смртта на италијанскиот дизајнер и близок пријател Џани Версаче. Неговото заминување и прераната смрт влијаеше на Наоми како негова пријателка и блиска соработничка, а таа се обиде да ја прикрие својата тага со употреба на дрога.

„Беше многу чувствителен во однос на тоа да ме почувствува, како да ме туркаше. Ќе ме туркаше да излезам и да продолжам понатаму кога не мислев дека го имам тоа во себе. Така, кога умре, мојата тага стана голема“, рече таа.

Таа пет години се бореше со зависноста, а ситуацијата беше таква што дури еднаш колабира за време на снимање во 1999 година. Тогаш решила да оди на рехабилитација, за која вели дека била една од најдобрите работи што можела да ги направи за себе. Британката никогаш не се срамела од својата борба со зависноста, а периодот помеѓу 1998 и 2005 година го нарече особено лош период во кој избегнувала да се погледне во огледало.

„Решив да одам на рехабилитација. Тоа беше една од најдобрите и единствените работи што можев да ги направам за себе во тоа време. Ми требаа многу години да работам на тоа и да се справам со тоа. И сè уште се појавува понекогаш. Но, дури сега имам алатки за да се справам со тоа, сега кога ќе се појави“, коментира Кембел за нејзиниот однос со зависноста.

Слични содржини