Наоми Кемпбел: да си сингл не значи дека си осамен

од desk4
301 прегледи

Популарната 49годишна супермоделка, која моментално е сама по завршувањето на кусата романса со Лиам Пејн, вели дека тешко е да најде момче поради славата и работата која ја работи, но сепак во моментов не е расположена за нова врска.


– Мене многу ми е важна приватноста, и да е познавам со партнерот, но секогаш се плашам дека мојата работа тоа нема да го дозволи. Сепак си имам јас свои тајни трикови. На тоа ме научи мојот пријател Роберт Де Ниро. Тоа што моментално сум сингл не значи дека сум осамена. Немам врме да ми биде здодевно и да се чувствувам осамена – вели таа.

Иако не бара нов партнер Наоми сонува еден ден да има семејство, а во моментов ужива во “семејството“ кое е составено од млади манекенки на кои таа им е ментор. Манекенката исто така прозборе за својата борба со зависноста од алкохол, дрога и лекови, од која излегла како победник.
– Јас сум победник. Немам зад себе беспрекорн живот и не се преправам дека сум го имала. Прва признав дека сум зависничка и фала му на Бога што ми помогна да успеам.

Слични содржини