Наоми Кемпбел беше прогласена за модна икона на настан во хотел „Риц“ во Лондон, пренесе
„Франс прес“, повикувајќи се на Британскиот моден совет.

Титулата е признание за исклучителниот придонес кон модната индустрија, како и за
филантропските активности на светски познатата манекенка.
49-годишната Кембел, нарекувана „Црниот Пантер“, ќе биде наградена на 2 декември на
церемонијата за Британските модни награди.
„Тешко ни е да се сетиме за позаслужна личност од Наоми Кембел. Таа е симбол на
еманципацијата на жените, борбеността и гламурот“, истакна директорката на Британскиот моден
совет, Керолајн Раш.
Наоми Кемпбел, пак, рече дека е „возбудена“ од честта која и е укажана. Што се однесува до
нејзините корени, супермоделот изјави дека поради меѓународната нејзина кариера луѓето често
забораваат дека таа потекнува од Брикстон, Јужен Лондон.
Кембел освен тоа соопшти дека формираната од неа во 2005 година Фондација „Fashion for Relief“
ќе организира добротворно дефиле во септември во рамките на Лондонската модна недела.
Наоми Кембел веќе организирала слични манифестации за помош на жртвите од ураганот Катрина,
катастрофалниот земјотрес и последователните бранови цунами во Јапонија и земјотресот во
Хаити.