Вооружена група нападна џамија во Буркина Фасо, пишуваат локалните медиуми, а пренесува Спутник.

„Вооружени мажи ја нападнаа Големата џамија во Саломоси меѓу 19 и 20 часот, усмртувајќи при тоа 16 луѓе“, рече извор за агенцијата АФП.
Додава дека на лице место се убиени 13, а тројца починале подоцна.
Бројот терористички напади во Буркина Фасо во последно време се зголемува, со 60 луше кои ги изгубија животите во вооружени судири од почетокот на септември.