Напад на католичка црква во Буркина Фасо: Најмалку шестмина мртви

од desk2
95 прегледи

 

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен напад на католичка црква во Буркина Фасо, јавија медиумите.

Католичката црква во северниот дел на Буркина Фасо утрово беше нападната од вооружени мажи, по што загинаа најмалку шест луше, меѓу кои и свештеникот, јави Radio France Internationale (RFI).

Напаѓачите пукале на верниците на почетокот на миста во селото Дабли, 90 километри од Каја.

Се верува дека нападот го исзвршиле груа луѓе од 20-30 вооружени мажи.

Ова е прв напад на католичка црква во земјата од почетокот на терористичките напади.