МВР соопшти дека здравствен работник од Одделот токсикологија на комплексот клиники „Мајка Тереза”, вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат од пациентот Г.С.(38) од Скопје.
„Според Г.Г.(56), нападот се случил вчера околу 9.15 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, на Оддел токсикологија, додека извршувал работни задачи. Случајот е пријавен во Полициската станица Центар. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.