Руската воздухопловна база во Курск беше нападната синоќа, изјави Антон Герашченко, висок советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Герашченко повикувајќи се на руските медиуми изјави дека „во Курск во близина на аеродромот се случиле две експлозии“.
„Непознат дрон погоди воен објект во Курск“, додаде тој подоцна.
❗️There were two explosions in Kursk near the airfield. pic.twitter.com/ORGb722uZK
— M|§F|T 🇺🇸🇺🇦 (@am_misfit) December 14, 2022
Објавени се снимки кои наводно покажуваат серија експлозии кои го потресле градот во западна Русија околу 22 часот по локално време.
Руската новинска агенција РИА Новости ја пренесе изјавата на регионалниот гувернер Роман Старовоит кој навел дека „во вечерните часови над Курската област делувала противвоздушна одбрана, нема жртви или штети“.