16
Напад од украински беспилотни летала денеска предизвика пожар во складиште за нафта во руската област Краснодар, соопштија локалните власти.
Наведено е дека делови од уништениот дрон предизвикале пожар во Новоминскаја, поради што биле ангажирани 55 пожарникари.
Локалните власти соопштија дека нема повредени во нападот и дека во магацинот има „незначителни остатоци од нафтени деривати“, пренесува Ројтерс.