Во последните руски напади врз Киев и неговата околина утринава беше погодена „витална инфраструктура“, соопштија украинските власти, додавајќи дека системите за противвоздушна одбрана уништиле околу 15 од 20-те беспилотни летала насочени кон главниот град.
Русија употреби околу 35 беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство во нападите низ Украина утринава, од кои 30 беа уништени, соопштија од украинските воздухопловни сили.
Вооружените сили на Украина соопштија дека дроновите биле лансирани од источниот брег на Азовското Море.