212
Две лица загинаа, а шест се повредени во напад со нож пред казино во булеварот Стрип во Лас Вегас.
Напаѓачот набрзо бил уапсен, а жртви биле туристи и локални жители, соопшти полицијата, пренесе „Ројтерс“.
Од двете убиени лица, едното починало на местото на нападот, а другото во блиската болница.
Од шесте хоспитализирани лица, тројца се во критична состојба.