Напад во трговски центар во Копенхаген, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Три лица загинаа, а неколку се ранети во неделата во престрелка во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција, наведувајќи дека уапсила 22-годишен Данец.

Осомничениот бил фатен по голема полициска потрага во регионот Сјеланд во неделата вечерта, објави „Ројтерс“.

„Ќе спроведеме детална истрага и голем број полицајци ќе бидат присутни во Копенхаген, додека не можеме со сигурност да кажеме дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави главниот полициски инспектор Сорен Томасен.

Слични содржини