Напад врз американската воена база во Сирија, подигната авијацијата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
407 прегледи

Американската воена база лоцирана на исток од сириската провинција Деир ел-Зор беше цел на ракетен напад. Војниците возвратиле, објави сириската државна телевизија „Сурија“.

Инцидентот се случил во областа на нафтеното поле Омар. Според медиумите, „илегалната база“ ја надлетува воената авијација.

Американската коалиција го потврди ракетниот напад врз нејзините сили во Сирија, нема повредени, напиша на Твитер претставникот на коалицијата полковник Вејн Марото.

Според првичните податоци, ракетниот напад се случил околу 19:44 часот по локално време. Марото истакна дека американските војници отвориле оган во самоодбрана.

Нападот се случи еден ден откако американските воздушни сили извршија напад врз позициите на проиранските сили на границата меѓу Сирија и Ирак.

Слични содржини