Руски хакери осакатиле голем број веб-страници на бугарската влада во голем сајбер напад, изјави истражител во саботата.
По нападот, веб-страниците на претседателот, владата, клучните министри и Уставниот суд во Бугарија станаа недостапни или можеа да работат, но многу бавно, според официјални извори.
„Хакерскиот напад дојде од територијата на Руската Федерација“, изјави директорот на бугарската истражна агенција Борислав Сарафов.
„Ова е напад врз бугарската држава“, рече главниот обвинител Иван Гев, кој го опиша нападот како „сериозен проблем“. Како дел од европското семејство, Бугарија ги брани европските вредности, рече тој, додавајќи дека е „нормално“ тоа да има и последици.
Бугарија обезбедува хуманитарна помош за Украина додека Русија продолжува да ја бомбардира земјата. Бугарија прима и Украинци кои бегаат од војната.
Сајбер нападот врз бугарските институции не влијаел на ниту една содржина или лични податоци, соопшти Министерството за дигитални прашања.
Нападите веќе се прекинати, додадоа оттаму.