СВР Тетово соопшти за неколку физички напади извршени на подрачјето што го покрива овој сектор за внатрешни работи.
Во 20:15 часот вчера во Полициското одделение Групчин, Р.А.(49) од с.Копачин Дол, општина Желино, пријавила дека претходниот ден пред спортска сала на регионалниот пат с.Желино-с.Групчин, тетовско, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку лица, а некои од нив ги познавал од претходно.
Вчера во 11:30 часот во Полициското одделение Галате, С.А.(39) од с.Добри Дол, гостиварско, пријавил дека околу 8:45 часот на работното место во приватна фирма во с.Неготино, општина Врапчиште, бил физички нападнат од едно машко лице.
Во 20:10 часот вчера во Полициското одделение Камењане, Ф.Р. од с.Камењане, општина Боговиње, пријавил дека околу 18 часот во неговиот двор, по претходно нерасчистени имотно- правни односи, бил физички нападнат од А.А. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите на физички напади.