371
Ударите на руските дронови ја оштетија пристанишната инфраструктура, силос за жито и административни згради во областа Измаил, на југот на Украина, изјави денеска гувернерот на областа Одеса, Олех Кипер.
Едно лице е повредено во нападот, четврти врз клучното украинско пристаниште на Дунав во изминатите пет дена, рече Кипер, пренесе „Ројтерс“.
Русија ги интензивираше нападите врз украинската инфраструктура во моментот на преговорите за обновување на Црноморскиот договор, што би овозможило непречен извоз на жито од украинските пристаништа.