Нападите врз жените во Келн во новогодишната ноќ се однапред планирана и координирана акција, изјави министерот за правда и заштитата на правата на потрошувачите на Германија Хајке Мас во интервју за “Билд ам Зонтаг”, соопштува “Дојче веле”.
“Никој не може да ме убеди дека не било координирано и подготвено. Мое сомневање е дека датумот е избран намерно и бил очекуван одреден број луѓе. Ова ќе им даде нова димензија на злосторствата”, коментира Мас.
Сепак тој го повикува општеството кон толеранција и да не избрзува со заклучоците. “Погрешно е да се суди какво е потеклото на некои дејства”, додава министерот. Според него тврдењата дека она што се случило е доказ дека бегалците не можат да бидат интегрирани во германското општество, се “полни глупости”.
Демонстрација на сила: Атомски бомбардер на САД прелета покрај Северна Кореја
Тој ги обвини десничарските партии во земјата, дека ги користат настаните во Келн за пропаганда. Мас ги утврди нивните акции како “бесрамни” и дека поттикнуваат омраза.
Министерот за правда уверува дека институциите со сметаат она што се случило многу сериозно. “Културните разлики не оправдуваат ништо. Нема прифатливо објаснување за нападите. За нас мажите и жените имаат еднакви права во сè. Сите кои живеат тука, треба да го прифатат ова”, категоричен е Мас.
