Нападите во Париз го урнаа еврото

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Eврото падна на 7-месечен минимум во однос на доларот и јенот по  терористичките напади од минатиот петок  и ги натераа инвеститорите да гледаат повнимателно на заедничката валута, соопштува “Ројтерс”.

евроо

Но, дури и без тоа очекувањата за пад на валутата беа во тек поради намерата на Европската централна банка да продолжи со програмата за откуп на обврзници, што најверојатно ќе ги  испрати меѓубанкарските каматни стапки на негативна територија. На азиските пазари еврото падна за 0,5% во однос на доларот, како се разменувале за $ 1,0710, отстапка со повеќе од 7 % од максимумот од $ 1,1495, постигна на 15 октомври.

Уште во саботата експерти предвидоа дека тоа неизбежно ќе се случи

Во меѓувреме, јапонската економија влезе во рецесија, откако потона во  втор последователен квартал. Според објавените денес податоци во третиот квартал бруто домашниот производ на земјата е за 0,2% помал отколку во претходниот пресметковен период кога економијата беше на минус 0,7%. Кон крајот на септември падот на годишна основа е 0,8%. Главните причини за падот се пониските приватни инвестиции, како и негативните измена на резервите. Во исто време потрошувачката благо се зголемуваат. За последен јапонската економија беше во рецесија точно пред една година. Слабите податоци не се изненадување за Јапонската централна банка, која се очекува во следните квартали растот да се опорави на база зголеменото домашна потрошувачка и зголемување на производството.