„Новак Ѓоковиќ им пречи на многумина, тие се грижат што се бори за другите, дека би сакал да ги менува работите, да освојува трофеи и да руши рекорди, па затоа нападите на првиот тенисер во светот станаа национален спорт, смета Небојша Вишковиќ, коментатор на телевизијата „Спорт Клуб“.
Тој објаснува зошто тенисерот е толку многу мета на критики, што и да направи.
„Стана национален спорт да се напаѓа Новак. Буквално. Сè што ќе каже добива голем „хејт“. Вистина, тој направи некои работи што не му беа потребни, но тоа е тој. Одлично е што сето ова нема да го повреди премногу, иако е многу емотивен. Тој минува низ сите овие напади многу лесно…“, вели Вишковиќ.
Тој додава зошто српскиот ас толку многу се истакнува:
„Тој има емпатија и голема потреба да им помогне на луѓето, колегите, тенисерите. Веројатно знаеше дека нема да успее, дека предлозите нема да поминат, но не сакаше да седи со скрстени раце“.