Нападнат голем индустриски рудник за злато во Буркина Фасо, две лица загинаа

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Големиот индустриски рудник за злато Карма во Буркина Фасо бил нападнат во текот на ноќта, при што загинале еден војник и еден цивил, соопштија од рудникот.

Службеник на рудникот бил прекинат телефонски во денешна изјава, пред да соопшти повеќе дополнителни детали, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извори од безбедносните структури на Бурикина Фасо.

Околу 200 непознати напаѓачи пристигнале пред зори, а два други извора рекле дека нападот на крајот бил одбиен, додава „Ројтерс“.

Слични содржини