14
Доцна синоќа малолетник бил нападнат во близина на Бит Пазар, информираат од полицијата.
Според МВР, денеска (18.07.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје, Х.Е.(45) од Скопје пријавил дека на 17.07.2025 околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од неколку машки лица, при што еден од нив употребил остар предмет и му нанел повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.