296
Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера го лишиле од слобода З.К. (38) од Скопје, поради тоа што во Управните служби во зградата на МРТВ физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.