Нападнат работник на „Комуналец“ во Шуто Оризари

од Nikola Popovski
251 прегледи

Нападнат работник во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, известуваат од МВР.

Според полицискиот билтен, на 19.07.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, додека извршувал работни задачи во ЈП Комунална Хигиена, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице кое управувало со возило.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини