Нападнат руски конвој, тешко ранет „човек на Путин“

Во посебна операција во Мелитопол, беше дигнато во воздух складиште за муниција, при што загинаа голем број руски маринци и чеченски борци, објави Киев Пост

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Украинските сили извршија успешен напад врз руска воена колона во Курската област, при што сериозно е повреден генерал-потполковник Еседула Абачев. Во посебна операција во Мелитопол, беше дигнато во воздух складиште за муниција, при што загинаа голем број руски маринци и чеченски борци, објави Киев Пост.

Главната разузнавачка управа на Украина (ГУР) потврди дека нападот врз конвојот се случил во раните утрински часови вчера на автопатот Рилск-Хомутовка. Генерал-потполковник Абачев, заменик-командант на Северната група сили на вооружените сили на Руската Федерација, бил итно префрлен во Централната болница Вишневски во Москва. Според достапните информации, лекарите морале да му ја ампутираат раката и ногата.

„ГУР повторува дека секое воено злосторство против украинскиот народ ќе биде проследено со праведна одмазда“, соопшти украинската разузнавачка агенција. Украинските канали на Телеграм веќе објавија снимки за кои тврдат дека го покажуваат моментот кога руската колона е уништена.

Кој е генералот Абачев?

Според веб-страницата evocation.info, Абачев е ветеран од бројни воени операции предводени од Кремљ. Дипломирал на Високата школа за тенковска команда во Харков во 1989 година, а неговата воена кариера е обележана со учество во конфликти со голем број цивилни жртви.

„Учествувал во секоја воена операција предводена од Кремљ: ерменско-азербејџанскиот конфликт, Втората чеченска војна, руската инвазија на Грузија во 2008 година и терористичката кампања во Сирија. За секој од овие крвави подвизи, Абачев лично бил одликуван со Орден за храброст од Путин“, се наведува во извештајот.

Од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, тој командувал со Вториот армиски корпус на таканаречената „Луганска народна република“, а украинската страна го поврзала со воени злосторства против цивили во Лисичанск.

Слични содржини