Нападнат скопјанец во автобус на ЈСП

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Фејсбук страница на ЈСП Скопје

Вчера попладнето бил нападнат скопјанец во автобус на ЈСП, информираат од полицијата.

– На 21.10.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Г.(41) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од четири лица, стои во денешниот полициски билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.