Нападнат судија во Тетово за време на натпревар

од Nikola Popovski
28 прегледи

Судија бил нападнат на меч од Tретата фудбалска лига во Македонија, информираат од МВР.

На 26.03.2025 во 19 часот во СВР Тетово, М.М.(38) од Скопје пријавил дека околу 17 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Влазрими“ од Кичево, на кој бил судија, бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н., двајцата од гостинската екипа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во меѓувреме се огласија од Влазрими. Го обвинија судијата за скандалозни одлуки.

Слични содржини