Нападнат вработен и скршена рампа на патарината „Петровец“

Напаѓачот употребил и стаклен предмет

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

На 05.01.2026 во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.