Нападната 18-годишна вработена во Клиничкиот центар

од Nikola Popovski

МВР информира дека дошло до физички инцидент во комплексот клиники откако две лица се впуштиле во расправија со вработена, од засега непознати причини.

На 04.05.2022 во 11.50 часот во СВР Скопје, М.К.(18) од Скопје пријавила дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, по претходна вербална расправија, била физички нападната од две лица додека била на работното место.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини