Најмалку шест лица загинаа, а 15 се повредени во артилериски напад врз болница во провинцијата Идлиб во североисточна Сирија, пренесуваат агенциите.
Во соопштението на сириското Министерство за одбрана се наведува дека едно дете е меѓу убиените во гранатирањето на градот Ал Атариб, во областа што ја држат турските и локалните сојузнички сили, пренесува „Ројтерс“.
Министерството соопшти дека нападот го извршиле владините сили.
Syria: Regime attack kills 6 civilians, injures 15
Regime forces, Iran-backed terror groups target hospital in Idlib de-escalation zone#Syria #attack #Idlibhttps://t.co/oKahM3aXeS pic.twitter.com/e0fTw9eMQo
— ANADOLU AGENCY (ENG) (@anadoluagency) March 21, 2021
Видеото објавено на Фејсбук профилот на локалниот секретаријат за здравство покажува урнатини и траги од крв на влезот во болницата, која се наоѓа под земја.
Портпаролот на сириско-американското лекарско здружение Фади Хаком изјави дека болницата е евакуирана.
Според АП, нападите врз болниците се чести во сирискиот конфликт и обично за нив се обвинуваат владините и сојузничките сили.