261
Синоќа M.E.(35) од Република Турција пријавил дека на улицата „Самоилова“ во Скопје, едно лице одзело паричници со пари и други предмети од две возила на екипа која снимала на локацијата.
Според пријавеното, лицето употребило и физичка сила кон лице од Република Турција кое се обидело да го спречи сторителот да избега.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.