Нападнати полицајци во Шипковица, биле принудени да пукаат во воздух

од Nikola Popovski
386 прегледи

МВР информира дека двајца полициски службеници во село Шипковица биле принудени да пукаат во воздух откако биле нападнати од двајца жители на селото Гајре. Според полицијата, лицата требало да бидат приведени.

Од полицијата велат дека А.М. (40) и Л.М. (39) биле пријавени за неколку инциденти, меѓу кои одземање пари и закани, а на едно лице му го одземале и добитокот.

-При лишувањето двајцата се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, при што од еден полициски службеник бил испукан и предупредувачки куршум во воздух. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на пријавените случаи и ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Слични содржини