Нападнато семејство во Гази Баба

од Nikola Popovski
248 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека малолетници нападнале малолетник, при што настрадале и родителите во обид да го одбранат синот.

-На 01.08.2022 во 00:30 часот во Полициска станица Гази Баба, С.М.(35) од Скопје пријавил дека на 31.07.2022 околу 20:10 часот на подрачје на Гази Баба, по претходен физички напад од двајца малолетници врз неговиот малолетен син и при негов обид да ги раздвои, тој и неговата сопруга Р.М. биле физички нападнати од Е.М., А.Л., А.Л., Б.А. и уште едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Скопје.

Слични содржини