Војната меѓу Иран и Израел уште еднаш се одрази на настаните во европската кошарка.
Кога се чинеше дека ситуацијата делумно се стабилизира и дека турските клубови ќе можат да играат со репрезентативците на Израел на свој терен, дојде до нов пресврт.
Имено, поради тензичната ситуација меѓу Турција и Израел, бидејќи официјален Истанбул ја поддржува Палестина, сите натпревари на тимовите од двете земји ќе се играат на неутрален терен.
Пред два дена добивме потврда дека клубовите од Турција ќе можат да ги пречекаат Израелците пред своите навивачи во Евролигата и Еврокупот, но поради новата ескалација и влегувањето на Иран во конфликтот, ова повторно е променето.
Имено, клубовите од Турција повторно како домаќини ќе ги играат натпреварите надвор од својата земја, а Бешикташ ќе има можност прв да го пречека Хапоел Тел Авив следната недела во Еврокупот, на 8 октомври (20:00 ч.) во Белград.