Нападот врз болницата во Газа е чист геноцид, порача Касами

од Nikola Popovski
162 прегледи

Градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА, Биљал Касами го оцени како геноцид синоќешниот напад во појасот Газа, при што загинаа најмалку 500 лица.

-Во нападот на болница во Газа од страна на државата Израел загинаа над 500 луѓе, меѓу кои деца, жени и стари лица. Осудуваме и бараме итна меѓународна истрага, бидејќи ова е чист геноцид, објави Касами на социјалните мрежи.

Претходно со осуда реагираа и од опозициската Алтернатива. Истакнаа дека израелскиот напад опфатил бомбардирања на болници, училишта и населени згради, извршувајќи при тоа убиство на повеќе од 3000 цивили, од кои околу 1000 се деца, а над 1000 се жени.

-Како партија која се залага за почитување на човечките права, без обѕир на нивниот етнички и религиозен идентитет, АлтернАтивА смета дека тоа што се случува во Газа зазема размери на воено злосторство, кое утре може да се третира и како геноцид.

Поаѓајќи од тоа, како и покажувајќи солидарност со жртвите, АлтернАтивА го повикува цивилизираниот свет да не дозволи еден нов холокауст, за кој утре може да жалат сите, додаваат од партијата на Африм Гаши.

Слични содржини