А.П. кој ја нападна пратеничката на СДСМ, Радмила Шекринска во Собранието, за време на инцидентите на 27 април, синоќа беше на распит во обвинителството.

На видеата од нападите на демонстрантите во Собранието кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа како А.П ја повлекува Шекеринска за коса.

Основното јавно обвинителство на 30 април соопшти дека седум лица од петнаесетте осомничени за насилствата во Собранието се лишени од слобода. На 2 мај, Основен суд Скопје 1 соопшти дека определил притвор од осум дена за уште едно лице поврзано со инцидентите во Собранието.