Напаѓачот на рускиот писател Захар Прилепин обвинет за тероризам

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот истражен комитет го обвини Александар Пермјаков, притворен поради обид за убиство на писателот Захар Прилепин, за тероризам и бара негово апсење, соопшти денеска прес-службата на Комитетот.

„Главното истражно одделение на Истражниот комитет, како дел од кривичната истрага за експлозијата на автомобилот на Захар Прилепин, го обвини Александар Пермјаков за сторени кривични дела од акт на тероризам од член 205 од Кривичниот законик на Руската Федерација и кривично дело трговија со оружје според член 222 од Кривичниот законик на Руската Федерација“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Инспекторите бараат на Пермјаков да му се одреди превентивна мерка притвор.

Слични содржини