Напишале СОС, но залудно: Протекуваат детали за убиства на израелски заложници

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Тројцата израелски заложници кои во петокот по грешка биле убиени од војници на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Газа, претходно користеле остатоци од храна за да напишат СОС повик за помош, соопштија денеска израелските одбранбени сили.

Во соопштението се наведува дека тројцата мажи, заложници на Хамас, извесно време престојувале во зградата покрај која биле убиени, јавува Би-Би-Си.

Во меѓувреме, министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека најмалку 90 луѓе биле убиени во израелските воздушни напади во бегалскиот камп Џабалија во неделата, но Би-Би-Си не може да ја потврди точноста на овие тврдења.

Во израелските воздушни напади беше погоден и станбен блок во кој биле сместени две семејства, соопшти министерството.

Се верува дека околу 120 заложници сè уште држат Хамас и други групи кои ја поддржуваат организацијата во Појасот Газа, ставајќи ги израелските власти под зголемен притисок да постигнат договор за ослободување на луѓето.

Израелските власти признаа дека ликвидацијата на тројцата мажи, заложници кои држеле бело знаме со натписот СОС, било прекршување на „правилата за служба“.

Слични содржини