Напладне продолжува комисиската седница за отчетот на Димовски за случајот Онишченко

од Nikola Popovski
187 прегледи

За денеска е закажано продолжението на седницата на која сега веќе поранешниот дирекрот на АНБ Виктор Димовски треба да продолжи со рефереирање за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. Седницата е закажана за напладне од страна на пратеникот и претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), Љупчо Пренџов.

Седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање, која е затворена за јавноста поради класифицираните материјали, почна на 18 ноември, но остана незавршена и беше суспендирана од претседателот на Законодавниот дом, поради безбедносен пропуст, кога дел од отчетот на Димовски за случајот одеше тонски на јутјуб-каналот на Собранието.

По првото продолжение на седницата Димовски изјави дека лоцирано е едно лице во АНБ кое без да се консултира со меѓународните партнери во НАТО, дало согласност дека за украинскиот државјанин Олексндр Онишченко нема безбедносен ризик.

Во меѓувреме Владата побара одземање на државјанството на Онишченко и спроведува истрага за случајот, а вчера исто така е именуван и нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Станува збор за Зарко Милошевски кој досега бил помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ. Досегашниот директор на АНБ Димовски заминува на амбасадорката позиција во Париз.

Владата на Република Северна Македонија го избра Зарко Милошевски за директор на Државната агенција за национална безбедност, соопшти вчера владината прес-служба.

Милошевски беше помошник-директор на Одделот за безбедносни проверки и регистар на НАТО во Националната безбедносна агенција, а неговата кариера во безбедносните служби започна во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање на Министерството за внатрешни работи. Неговата експертиза е во областа на борбата против екстремизмот, заштитата на уставниот поредок, како и во областа на борбата против тероризмот.

Милошевски помина обука организирана од Стејт департментот, Министерството за правда и Министерството за одбрана на САД, ФБИ, американската дипломатска безбедносна служба и канадската служба за безбедност и разузнавање, соопшти владината прес-служба.

Слични содржини