Напнато кај Макарска: Полјаци претепале 67-годишен локален жител, сега мештаните бараат оружје

од desk2
72 прегледи

Ситуацијата во малото гратче Игране крај Макарска, Хрватска, се вжештува. Откако таму пред неколку дена група Полјаци претепале 67-годишен локален жител, по што тој починал, утрово на куќите на неколку сопственици од Полска биле испишани вулгарни пораки, известува хрватски „Индекс“.

Локалните жителите велат „Ова нема да излезе на добро!“ и појаснуваат дека одат во полиција да бараат дозволи за оружје, бидејќи повеќе не се чувствуваат сигурно.

Вакви инциденти имало и порано, но работите не дошле до оваа точка.

„Оваа трагедија се случи оти пијани и дрогирани Полјаци, кои купија куќи покрај морето, галамеле до раните утрински часови. Сосетката излегла да ги предупреди да не вреват, а тие ја нападнале. Кога нејзиниот брат се обидел да ја заштити, го претепале. Не е вистина дека подоцна му се слошило, туку го претепале. Јас видов колку му беше црна главата од модринки“, раскажува еден огорчен жител за „Индекс“.

Поголемиот дел од проблемите во Игране се сведува на бучава и врева, односно нарушување на јавниот ред и мир. Иако полицијата негира дека добивале пријави за Полјаците, полицијата негира.

„Ни комуналните редари не излегуваат на терен кога ги викаме. Успеавме само да издејствуваме забрана за Полјаците да поставуваат лежалки на плажата што е пред нивните куќи. Тие се однесуваат кон таа плажа како да е нивна. Еден дури ми се нафрли и проба да ме избрка кога го предупредив да не става пешки преку мојот“, раскажува еден локален жител, но нагласува дека не се сите Полјаци во Игране исти.

„Некои се навистина фини луѓе, ама таа групичка го тероризира целото место“, вели тој.