10
Наполи е подготвен да плати 55 милиони евра за правата на напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, објави „Скај Италија“. 50 милиони евра од тоа се загарантирани, а преостанатите 5 милиони евра се бонуси.
Според „Скај“, Нуњез ќе заработува 100.000 фунти неделно, или речиси 5 милиони фунти годишно со бонуси.
Англиските медиуми со месеци објавуваат дека Ливерпул е заинтересиран да се раздели со уругвајскиот репрезентативец, за кого интерес имаат и Саудиска Арабија и Шпанија.
„Црвените“ исто така бараат нов напаѓач, а со нив се поврзуваат Александар Исак од Њукасл и Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон.