Наполи им ја наполни мрежата, но нивните навивачи ќе бидат почестени со пиво

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Италијанскиот фудбалски прволигаш Комо објави дека поради „пријатната посета на Неапол“ ќе го почести секој навивач на Наполи со пиво кога овие два тима повторно ќе се сретнат во првенството.

Овие две екипи минатата недела играа меѓу себе во Неапол, во рамките на 8. коло од Серија А, а водечкиот Наполи победи со 3:1. Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Комо беа воодушевени од начинот на кој беа пречекани во Неапол и на стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде домашните навивачи им аплаудираа на своите играчи, но и на противниците.

„Комо сака да ја изрази својата искрена благодарност до Наполи и неговите навивачи за прекрасниот приказ на спортски дух. Атмосферата на стадионот беше ненадмината“, објави Комо и најави дека ќе му се заблагодари на спортскиот ривал на својот стадион „Џузепе Синигалија“.

Комо и Наполи ќе играат повторно на 23 февруари следната година, а Комо најави дека заедно со топлото добредојде, секој навивач на гостинскиот тим ќе биде почестен со пиво.

Комо по 21 година се врати во Серија „А“ и моментално е на 14. место на табелата.

Слични содржини