Наполи ја наполни мрежата на Верона и испиша историја

од Берта Китинска

Избраниците на Лучијано Спалети постигнаа пет гола на стадионот „Марк Антонио Бентегоди“, што е најмногу во клупската историја кога е во прашање првиот натпревар сезонава.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да влезе во игра во 75. минута.

Верона прва дојде во водство преку Кевин Лазања во 29. минута од мечот, но до крајот на полувремето гостите направија пресврт. Новото засилување, Грузиецо Хвича Кваратсхелија, првин во 37. минута израмни пред Виктор Осимен во судиското продолжение да постигне гол за 1:2 и на интересен начин одговори на расистичките извици од делот на навивачите на Верона.

Домаќините не се предадоа и во 48. минута израмнија преку Томас Анри, но потоа „партенопеи“ ја покажаа силата. Кваратсхелија му асистира на Пјотр Зиелински во 55. минута, за десет минути подоцна Станислав Лоботка да зголеми на 2:4. Матео Политано во 79. минута од мечот зголеми на конечни 2:5.

Слични содржини