Направен е распит на преживеаните кои се во болницата во „Пирогов“

од Берта Китинска
204 прегледи

Лица на судска медицина ги извлекуваа телата на починатите лица во несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија кои понатаму ќе бидат идентификувани.

-За неколку дена се очекува да бидат готови резултатите од ДНК анализата, за со сигурност да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, нагласувајќи дека заедно со македонските колеги го прецизирале начинот на кој ќе се работи истрагата за несреќата.

Туристичкото патување до Истанбул на фирмата „Беса транс“ било со четири автобуси, но не возеле во конвој туку возеле на оддалеченост од 15 до 20 минути.

Досега е направен распит на преживеаните кои се во болницата во „Пирогов“, но само двајца од нив дале исказ, додека останатите биле во шок и не се во состојба да сведочат. Сарафов рече дека има и очевидци на несреќата и со нив ќе се разговара.

На местото на несреќата, Сарафов и портпаролката на јавниот обвинител Шијка Милева разговарале со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и со шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Слични содржини