Еден модел неочекувано стана интернет феномен четири години откако се појави во јавноста.
Пол Фајфер е американски уметник кој решил да направи модел на стадион кој би можел да прими дури милион луѓе.
Овој потфат се нарекува „Vitruvian Figure“ и е создаден во 2018 година, но дури сега почна да се споделува на мрежите.
Се чини сосема невозможно, но многумина се запрашаа дали би можеле да видиме вакво нешто во иднина.
Овој уметник е познат по својата љубов да експериментира со спортот, но оваа идеја го направи популарен ширум светот.
American artist Paul Pfeiffer's 1 million seater stadium concept.
Imagine 😳 pic.twitter.com/K8r2DHxOLO
— ESPN FC (@ESPNFC) June 20, 2022
Најголемиот стадион во Европа е „Камп Ноу“ кој собира нешто повеќе од 99.000 луѓе, додека втор е „Вембли“ во Лондон со 91.000 седишта. Многу стадиони во Соединетите Американски Држави, Индија, но и, неочекувано, во Северна Кореја, собираат повеќе од 100.000 луѓе.