229
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше дека се направени контроли кај пет бензински пумпи и дека во тек се завршните постапки и процедури и наскоро ќе бидат објавени имињата.
Тој посочи дека контролите се направени кај бензински пумпи на најголемите компании кои работат со нафтени деривати и оти првичните анализи се правени во мобилната лабораторија и во акредитираната лабораторија на „Макпетрол“.
– Таму каде што имало отстапки во однос на правилниците, секоја компанија има право да направи суперанализа. Откако ќе бидат завршени овие процедури, ќе бидат објавени имињата на компаниите, доколку има неправилности, рече Бектеши.